Музичарот Крис Ардоин, бил застрелал додека свирел на концерт во Луизијана во САД. Инцидентот го потврдила неговата сопруга во саботата. Додека тој свирел како ѕвезда на вечерта на „Зајдеко бајк“ фестивалот, на него било пукано, пренесува „Индепендент“.
„За жал Крис е ранет во грбот додека беше на бината. Лекарите велат дека имал среќа затоа што бил крупен. Куршумот ги пробил неговите бели дробови и застанал некаде кај ребрата. Во моментов тој се наоѓа во болница. Молете се за него“, напишала Кери.
Локалната полиција соопштила дека за време на инцидентот, ранети се две лица со огнено оружје. Двајцата претрпеле полесни повреди, а меѓу ранетите е и 14 годишно дете.
Засега уапсени се две лица. Нивниот идентитет не е откриен, затоа што не се знае дали се поврзани со инцидентот. „Зајдеко“ е музички жанр, кој се појавил во југозападна Луизијана и е мешавина на блуз и РнБ.