Професорката Сара Гилберт една од научниците која работеше на создавање на вакцината АстраЗенека, доби своја Барби кукла. Таа го следеше развојот на вакцината против ковид на Универзитетот во Оксфорд и рече дека овој гест на почетокот и се видел чуден.
Но, сега се надева дека ќе ги инспирира младите девојки да се занимаваат со наука, технологија, инженеринг и математика, пренесува „Гардијан“.
„Сакам да ја инспириран следната генерација девојчиња и се надевам дека децата кои ќе ја видат мојата Барбика, ќе разберат колку науката е од витално значење за сите нас“, изјавила таа.
„Мојата желба е мојата кукла да им ги покаже на децата дејностите за кои можеби не се свесни дека постојат, како што е вакцинолог“, додала таа.
Компанијата исто така направила модел во чест на другите жени кои ширум светот допринесоа во борбата против пандемијата, а меѓу нив се здравствените работнички Ејми Осаливан и Одри Круз, канадската лекарка Чика Ориува, бразилската биомедицинска истражителка Жаклин Гоез де Жезус и докторката Кирби Вајт, која креираше фустан за повеќекратна употреба за медицинскиот персонал.