Совршено сочувано тело на младенче од лав беше пронајдено замрзнато во Сибир, а научниците проценуваат дека е старо околу 28 илјади години. Неговото крзно е покриено со кал, но освен тоа нема никаквo oштетување. Неговата кожа, забите, мекото ткиво и внатрешните органи беа мумифицирани.
Лавот, со прекар Спарта, можеби е најдобро сочуваното животно од леденото доба кое некогаш е пронајдено. Според заклучоците на тимот од Центарот за палеонтологија во Стокхолм, тој имал помалку од два месеца кога починал. Станува збор за еден од двата лава што беа пронајдени недалеку еден од друг и за кои се мислеше дека се браќа. Според новото истражување, Спарта живеел дури 15 илјади години по другиот лав, по име Борис. Научниците тврдат дека Борис е стар 43,5 години.
„Спарта е веројатно најдобро зачуваното животно од леденото доба некогаш пронајдено, речиси нема никакво оштетување, освен што крзното му е замрзнато. Дури и неговите канџи се зачувани. Борис е пооштетен, но тој сè уште е во многу добра состојба“, вели Лав Дален, професор по еволутивна генетика во Центарот за палеонтологија и автор на студија за лавови.