Синоќа голем пожар го зафати кинескиот трговски центар во Блок 70 во Нов Белград. Густ и црн чад за кратко време се издигна над него, а шефот на обезбедувањето за медиумите рече дека пламенот почнал од ресторан, а се запалил и покривот бидејќи станува збор за монтажна зграда.
Предизвикана е огромна штета, а луѓето загубиле милиони во овој пожар, рече тој. Продавниците се целосно уништени, а кинеските сопственици цела ноќ ја поминале пред трговскиот центар во обид да заштитат дел од стоката.
Еден дел од стариот трговски центар изгоре, а другиот дел го спасиле пожарникарите. Продавниците се отворени, но не работат, еден од работниците рекол дека иако не се оштетени, нема да работат во наредните 7 дена.
Opet požar! Nbg-Blok 70 pic.twitter.com/scXB0CxxKn
— Gospodja Pufna (@gdjapufna) August 12, 2021