Компанијата „Блу ориџин“ на американскиот милијардер Џеф Безос ја тужеше американската влада поради одлуката НАСА да ѝ додели на компанијата на Илон Маск – „СпејсX“ 2,9 милијарди долари вреден договор за изградба на вселенско летало што ќе слета на Месечината.
Како што велат од компанијата на Безос, Федералниот суд ја разгледал незаконската и несоодветна проценка на предлогот на НАСА, пренесува „Ројтерс“.
Владината канцеларија за одговорност застана на страната на НАСА минатиот месец поради нејзината одлука да избере само еден снабдувач на Месечината, отфрлајќи го протестот на „Блу ориџин“.
Во април, НАСА потпиша договор со Илон Маск вреден 2,9 милијарди долари, отфрлајќи ја понудата на Безос. Договорот се однесува на изградба на систем за слетување што ќе донесе астронаути на површината на Месечината во 2024 година.
НАСА претходно објави дека може да потпише договор со само една компанија поради намалување на трошоците.