Почина познатата порноглумица Викторија Парис

Познатата порноѕвезда Викторија Парис, позната во осумдесеттите и деведесеттите години, почина на 61-годишна возраст. Веста ја потврди нејзината пријателка и поранешна колешка Кристи Кенјон. Таа сподели заедничка фотографија на „Твитер“.

US Day news пренесува дека актерката починала од рак на дојка. Викторија уште од претходно јавно соопшти за нејзината влошена здравствена состојба.

Парис почетоците во порноиндустријата ги имала во 1988 година, а во кариерата снимила повеќе од 100 филмови. Претходно дипломирала нутриционизам на државниот универзитет Монтана. Таа стана позната по главната улога во порнопародијата од 1989 година Love in, Love in.

„Беше многу елегантна и имаше аура на невиност. Кога првпат се сретнавме ми рече дека не пуши, не пие и не зема дрога. Нешто што во тоа време беше необично. Се сретнавме неколку пати на филмскиот фестивал во Кан. Таа сакаше да патува и уживаше во животот“, изјавил режисерот Акел Браун, во чиј филм Fantasi Nights од 1990 година глумеше Парис.

Од неа се простија и голем број нејзини фанови.

„Тажен ден, затоа што една од легендите во порноиндустријата почина. Беше убавица и ќе ни недостасува. Почивај во мир“, напишаа тие.

 

 

Scroll to Top