(Фото) По полавите во Германија почнал да ја реновира куќата, па нашол предмети од Втората светска војна

Поплавите кои неодамна ја погодија Германија однесоа најмалку 190 животи, а материјалната штета се мери во десетина милијарди евра. Кога водата се повлече, голем број граѓани, чии домови претрпеа штета, почнаа со реновивањето.

Триесет и деветгодишниот Себтасијан, наставник по историја, додека ја реновирал куќата, доживеал несекојдневно откритие. За време на санирањето на штетата во куќата Хаген, тој открил тајна стара повеќе од 75 години. Зад гипсените плочи во домот на неговата тетка, тој пронашол нацистички предмети кои датираат од периодот на Втората светска војна, пишува Bild.de.

„На почетокот видов стари весници од 1940 година. Кога ги извелков, оддеднаш почна на подот да испаѓаат разни предмети и документи од нацистичкиот период“, изјавил Себастијан.

Меѓу пронајдените предмети имало гас маски, револвер, позлатени копчиња за појас со кукаст крст и голем портрет на Афолф Хитлер.

Себастијан веднаш го известил Архивот во Хаген, а тие од неговиот дом изнеле дури 12 кутии со предмети од периодот на Втората светска војна. По војната, куќата станала канцеларија на Националсоцијалистичката народна заштита (НСВ). Од таа зграда во 1940-те години, организирани биле дистрибуција на гас маски, опрема и храна.

„На списоците кои ги најдовме пишува колку јајца, леб, млеко и месо биле поделени на семејството Милер, Мајер и Шмиц“, изјавиле вработените во архивот.

Експертите претпоставуваат дека непознат жител на оваа куќа, во брзање напунил окно во ширина од 25 сантиметри, кое се протега од приземјето до покривот со нацистички предмети, пред Американците во 1945 година да влезат во Хаген.

„По 1945 година, окното било користено како некој вид на канта за ѓубре. Пронајдовме календар од 1961 година, кутија со цигари, чевли и прубор за луле“, изјавил архиваторот.

Себастијан и неговото семејство немале претстава дека нацистичките предмети се криеле во ѕидот на нивниот дом. Неговите родители домот во кој тој денес живее со семејството, го купиле во шеесетите години од минатиот век.

Scroll to Top