Познатиот конзервативен радио водител Фил Валентајн (61), од Тенеси во САД, актуелен по тоа што ја критикуваше масовната вакцинација и задолжителното носење маски, почина вчера откако заболе од ковид 19. Тој почина во Нешвил, а веста ја потврдија и од неговата станица „Суперток“.
Фил за време на емисиите пушташе преработка на песната на Битлси „Таксман“ со пародирање на насловот во „Ваксман“. Тој објави дека е позитивен на ковид-19 во јули и зборуваше за искуството со болеста. Рече дека многу кашла, постојано е уморен и има силни болки.
Тој ги советуваше своите слушатели да се вакцинираат, но, исто така, велеше дека има некои многу ефективни алтернативи на вакцинацијата, Веста за хоспитализацијата на Валентајн предизвика голем интерес во јавноста.
Неговото семејство тогаш кажа: „Фил би сакал неговите слушатели да знаат дека тој никогаш не беше антиваксер, но му е жал што не бил поактивно провакцинација“.