Американец освоил милион долари на лотарија која ја организирал гувернерот на Невада, за да ги поттикне луѓето да се вакцинираат

Американец кој живее во околината на Лас Вегас, освоил милион долари, во рамки на џекпотот програмата за вакцинација против коронавирусот, пренесува „Асошиетед прес“. Гувернерот на Невада, Стив Сисолак, ја креираше програмата со цел да ги поттикне луѓето да се вакцинираат.

Добитникот на наградата е објавен на настан кој го организирал гувренерот и конгресменот на Лас Вегас. Програмата се вика „Денови на вакцинација во Невада“. Таа започна на 17 јуни, со пет милиони долари, средства од сојузните фондови за давање помош во борбата против ковидот.

Државните здравствени податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани жители во државата се зголемил за околу десет проценти од моментот на објавување на наградниот фонд, на средината на јуни, до неговото вчерашно завршување.

 

Scroll to Top