„Немам за што да се чувствувам виновен. Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат со јавноста и нема да се кријат“, вели тој.

Садат се борел да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство.Иако поседува дипломи за информатика и телекомуникации, шансите да најде работа во срордна област биле мали, бидејќи не го познавал германскиот јазик.

„Јазикот е најважниот дел“, вели Садат, кој има и британско државјанство.

Тој сега учи германски четири часа секој ден во училиште за странски јазици, а потоа започнува ја шестчасовната смена со доставување оброци. Околу работата, тој признава дека првите денови му биле возбудливи и тешки. За него претставувало вистински предизвик да научи да вози велосипед во градскиот сообраќај. Сепак, тој вели дека колку повеќе е меѓу луѓе, толку повеќе учи од нив.

Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата, во надеж дека ќе успеат да се качат на летовите за евакуација, или на некој друг начин.