Во населбата Карпош 4 вчера се отвори адреналинскиот парк на кејот на Вардар. Ова е прв ваков во Скопје. Покрај адреналински дел, има и игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт-парк, сквер, детско игралиште. Има нови 80 високоизраснати дрвја, како и тревна површина.
Адреналискиот парк ќе го одржува субјектот Adventure side и за рекреација во него ќе се наплаќа посебен билет. За жителите на Карпош што имаат картичка „Мој Карпош“ влезот е 600 денари, а за жителите од другите општини цената е 600 денари за деца од 6 до 16 години и 800 денари за возрасни.
Работното време на спортскиот дел од паркот и детското игралиште е од 10 до 23 часот. Сите заинтересирани граѓани слободно може да ги користат игралиштата за фудбал и одбојка до 16 часот, а за спортување во попладневните часови треба да закажат термин на [email protected] или на телефонскиот број 072/911-135.
Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светската банка во рамките на проектот за локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општина Карпош.