Неколку ѕвезди и многу нови имиња на годинашниот „Макфест“

36. фестивал на забавни мелодии „Макфест“ ќе се одржи на 17 и 18 септември на локацијата „Аква бела ресорт“ во Штип. Поради пандемијата, фестивалот втора година по ред ќе биде на отворено. Организаторите, учесниците и публиката и овој пат ќе мора да се придржуваат до мерките и протоколите за заштита од короната.

Првата вечер ќе настапат само млади музичари. Петтемина најдобри од нив ќе пеат и втората вечер заедно со 14 познати имиња: Ѓоко Танески, Роберт Билбилов, Ај Кју, Лара и други.

Публиката во шоу програмата првата вечер ќе ја забавува „Тумбао салса бенд“,a втората вечер ќе настапат Дац и Александар

Организатор и покровител на „Макфест“ е Општина Штип. Тие на најдобрите ќе им доделат парични награди: 5.000 евра прва награда, 3.000 евра за второ место и 1.000 евра трета награда. Ќе има и четири парични награди од по 500 евра: за најдобра вокална изведба, за најдобар дебитант, сценски настап и наградата за аранжман ,,Драган Ѓаконовски – Шпато”.

За потсетување, на ланскиот „Макфест“ победи групата „Нокаут“ со „Сакам да живеам“. Прва победничка на реномираниот фестивал, пак, е Хелена Благне, која во 1986 година ја испеа песната „Кога те нема“.

Scroll to Top