Мислењата околу тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња се поделени. Некои мислат дека Лионел Меси е најдобриот кој некогаш трчал по тревата, а има и многу такви кои повеќе го ценат она што Кристијано Роналдо го направи за неговите клубови и репрезентација.
Свој збор сега даде и науката. Поточно доктор Том Крофорд, професор по математика на Универзитетот во Оксфорд. Тој е убеден дека го има одговорот на прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Крофорд направил алгоритам со кој ги споредил податоците на десет фудбалски легенди и дошол до заклучок дека Кристијано Роналдо е најдобриот меѓу нив.
Португалецот е на листата прв, пред Меси, а зад нив двајцата се наредени останатите фудбалски великани. Крофод до конечниот одговор стигнал благодарение на седум категории, а повратникот во Манчестер Јунајед ги имал најдобрите резулати, иако и Лионел Меси бил блиску.
Како Крофорд ги користел податоците:
- Трофеите освоени со клубовите. Секој трофеј носи одреден број бодови кои зависи од УЕФА коефициентите.
- Трофеите со репрезентациите. Светско првенство носи 150 бодови, Европско првенство и Копа Америка 100 бодови + дополнителни бодови за освојување на Златната копачка.
- Бројот на голови за клубовите.
- Бројот на голови за репрезентацијата.
- Гласовте дадени за Златната топка. Бројот на гласови кои ги добил добитникот за Златна топка, поделени со вкупниот број на гласови кои ги добиле трите најдобри фудбалери.
- Индивидувални награди.
- „З фактор“, Сезона или „математички извонредна кампања“ во која играчите со головите донеле успеси за своите тимови.
Ова е листата:
-
- Кристијано Роналдо 537 поени.
- Лионел Меси 503 поени.
- Пеле 459 поени.
- Ференц Пушкаш 305 поени.
- Роналдо 281 поен.
- Марко ван Бастен 237 поени.
- Алфредо ди Стефано 201 поен.
- Мишел Платини 177 поени.
- Диего Марадона 169 поен.
- Јохан Кројф 163 поени.