Од компанијата на Илон Маск, SpaceX, утринава во два часот по локално време ги испратија првите цивили во вселената. Тие полетаа со ракетата Falcon 9 со вселенска капсула Crew Dragon од американскиот космодром „Кејп канаверал“ во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.
Liftoff of @Inspiration4X! Go Falcon 9! Go Dragon! pic.twitter.com/NhRXkD4IWg
— SpaceX (@SpaceX) September 16, 2021
Сите четворица вселенски туристи три дена ќе престојуваат во вселената, во највисокиот дел од Земјината орбита. Во вселената ќе патуваат американскиот милијардер Џеред Ајзекмен, наставничката Сијан Проктор, Хејли Арсено, жена излечекувана од рак, и инженерот Крис Семброски.
Main engine cutoff and stage separation confirmed. Second stage engine burn underway pic.twitter.com/ihYA8ELUVA
— SpaceX (@SpaceX) September 16, 2021
Точната сума што била потребна за да се изведе овој лет засега не е позната, но се претпоставува дека станува збор за десетици милиони долари. Од компанијата имаат цел да истражуваат на 575 километри над Земјата, повисоко и од Меѓународната вселенска станица.
View from Dragon’s cupola pic.twitter.com/Z2qwKZR2lK
— SpaceX (@SpaceX) September 16, 2021
SpaceX досега повеќепати превезува астронаути на МВС за американската вселенска агенција, НАСА, но ова е прв лет на SpaceX со цивили. Компанијата на Илон Маск со ова влегува во борбата за својот дел од колачот наречен вселенски туризам.