На Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo English Language Olympiad, на кој учествуваа 48,125 учесници од 42 земји, Даниел Дамески од училиштето “Климент Охридски” Прилеп се пласираше во финалето и оставри резултат од 94% точни одговори.
186 учесници од целиот свет влегоа во финалето, а помеѓу нив беше и Даниел Дамески, ученик од шесто оделние. Под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, Даниел одлично ги претстави Прилеп и Македонија на ова меѓународно натпреварување.