„Поршето 911 карера 3.0“, кој му припаѓаше на кралот на кокаинот, Пабло Ескобар, ќе се продава на аукција. Автомобилот од 1974 година е уникатен, тој учествуваше во повеќе трки, а претходно го возеше и шампионот во Формула 1, Емерсон Фитипалди.
Овој спортски автомобил ќе се продава на онлајн-аукција и се очекува да се продаде за 1 милион долари.
Модел е вратен во САД по смртта на Ескобар.
Каросеријата е вратена во оригиналната состојба, а „поршето“ е реставрирано помеѓу 2007 и 2010 година. И по реставрацијата, учествуваше на многу натпревари и освои многу награди.