Се продава „поршето“ на Пабло Ескобар, автомобилот на кралот на кокаинот ќе достигне цена до еден милион евра

„Поршето 911 карера 3.0“, кој му припаѓаше на кралот на кокаинот, Пабло Ескобар, ќе се продава на аукција. Автомобилот од 1974 година е уникатен, тој учествуваше во повеќе трки, а претходно го возеше и шампионот во Формула 1, Емерсон Фитипалди.

Овој спортски автомобил ќе се продава на онлајн-аукција и се очекува да се продаде за 1 милион долари.

Модел е вратен во САД по смртта на Ескобар.

Каросеријата е вратена во оригиналната состојба, а „поршето“ е реставрирано помеѓу 2007 и 2010 година. И по реставрацијата, учествуваше на многу натпревари и освои многу награди.

Scroll to Top