Околу 50 поранешни стјуардеси на веќе згасената италијанска авиокомпанија „Ал Италија“ се соблекоа на плоштадот Кампидољо во центарот на Рим. Тие се соблекоа во знак на протест поради изгубените работни места и условите во кои нивните колеги се вработуваат во новата компанија „ИТА Ервејс“.
Тие прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата и високите потпетици.
„Ал Италија“ со години има финансиски проблеми. Последен пат кога авион од оваа компанија леташе беше на 14 октомври. Нејзините авиони сега ги презеде авиокомпанијата ИТА, чии авиони почнаа да летаат само еден ден по затворањето на „Ал Италија“.