Шведската група АББА ќе престане да постои по виртуелната турнеја на која ќе го промовираат албумот „Војаж“, вели за „Гардијан“ Бени Андерсон, еден од членовите на бендот. Ова е прв албум на АББА по четириесет години пауза.
„Тоа е тоа! Ова второ распуштање е различно од она во 1982 година. Тогаш не реков дека АББА никогаш повеќе нема да се повтори. Но сега можам да ви кажам: Овој пат е дефинитивно крајот“, рекол Бени во интервјуто.
Новиот албум на АББА ќе има десет песни и ќе биде објавен на 5 ноември. Виртуелната турнеја е закажана за 2022 година, а билетите се веќе во продажба.
За потсетување, АББА до сега објавија три песни од новиот албум, кои имаат милионски преслушувања на музичките платформи. Нивните стари хитови, како Dancing Queen, Gimme и Mamma Mia имаат преку милијарда преслушувања на стриминг-платформите.