Изграден во рекорден рок од 26 месеци, „Ист гејт мол“ се отвора денес

Ист Гејт Мол официјално се отвора денес во 10 часот, а во вечерва се одржа средба за закупците, соработниците и партнерите на Ист Гејт Мол.

 На настанот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, како и министри во владата, претставници на дипломатскиот кор и претставници на закупците на трговскиот центар.

Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто од денс ќе го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација и воедно ќе биде атракција за посетителите на главниот град.

 

Трговскиот ценатар чија бруто изградена површина изнесува 160.000m2, беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија. Тое е инвестиција од над 103 милиони евра која придонесе македонската економија да добие економски импулс во периодот на глобалната пандемија, со кое главниот град со оваа инвестиција добива модерен лик и станува уште поатрактивна дестинација за странските посетители.

 

Scroll to Top