Хонгконг организира автобуски тури за спиење

Маркетинг-менаџерот на автобуската компанија од Хонкконг, „Улу Травел“, Кенет Конг, смисли одлично решение за патниците кои се борат со спиењето, пренесуваат странските медиуми.

„Кога планиравме нови турнеи, на социјалните мрежи видов порака од мојот пријател дека не може да заспие поради стресот на работа, но дека може без проблем да заспие кога патува со автобус. Тој нè инспирираше да ја организираме оваа турнеја“, изјави Конг.

Автобуската тура за спиење им нуди на патниците единствена можност да ги наполнат батериите за време на најдолгата автобуска рута во Хонгконг, долга 75 километри

Турата за спиење не е бесплатна, но не е ниту многу скапа. Цените на билетите се движат од 13 до 51 долари. Двокатниот автобус има четири различни типови на кабини, вклучувајќи деловни и економични кабини со пригушен звук, кабини со продолжен простор за нозете и оние со панорамски поглед на подот.

Секој патник добива подарок сет за спиење, кој вклучува маска за очи и чепчиња за уши.

Scroll to Top