Читателите на интерактивната веб-страница на компанијата „Касперски лаб“ може да дознаат како би изгледал светот за 10-20 години. Станува збор за интерактивниот проект „Земја 2050“, каде што футуролозите, научниците и корисниците на интернет од сите краеви на светот ја предвидуваат иднината.
Според нивните предвидувања, до 2033 година 47 % од професиите на луѓето би можеле да бидат преземени од роботите. Роботизацијата ќе влијае врз економијата на сите нивоа, а луѓето ќе бидат ослободени од најтешките монотони задачи.
Друго предвидување е дека егзоскелетите ќе ги зголемат физичките способности на луѓето, а луѓето со инвалидитет ќе може да се движат без помош на инвалидските колички итн.
До 2050 година ќе се појави првата општа глобална вештачка интелигенција, така што роботите целосно ќе го реконструираат светот и ќе имаат емоции, амбиции, мотивација и логика. Дотогаш ќе напредува способноста на помнење сè, а неверојатната брзина за учење нови работи ќе стане вообичаена. Децата ќе имаат најнови импланти за зголемување на меморијата, кои ќе им помагаат во учењето.
Се предвидува дека ќе се лекуваат губењето на помнењето и оштетувањето на мозокот поради повреда на главата.
Исто така, футуролозите предвидуваат дека до 2050 година во светот ќе постои само една валута, а истополовите односи повеќе да бидат заспатени. Но, и дека на Арктикот нема да има мраз, роботите ќе имаат емоции како и луѓето и ќе се појават нови религии. Уште при раѓање бебињата ќе добијат идентификациски чипови, без кој нема да може ништо да купуваат или продаваат.