Фон дер Лајен обвинета за еколошки грев откако патуваше со авион на релација од 50 километри

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се соочи со жестоки критики откако се дозна во јавноста дека во јуни патувала со приватен лет од Виена до Братилисава во рамките на турнејата по главните градови во ЕУ за дискусија околу фондот за заздравување од пандемијата. Таа изјави дека се одлучила за авион на 19-минутна релација бидејќи немало друга поефикасна опција.

Генералниот секретар на Европската асоцијација на даночни обврзници, Михаел Јегер, го опиша летот како еколошки грев кој чинел многу пари на даночните обврзници.

Порпаролот на Урсула фон дер Лајен, Ерик Мамер, изјави дека 50 километри долгиот лет од Виена до Братислава бил дел од тесниот дводневен распоред кој вклучувал пет престолнини.
 „Таа не можеше да патува со автомобил зашто од Братислава требаше да оди не вечерна средба во Летонија. Доколку не одеше со чартер-лет за Братислава, ќе изгубеше премногу време“, појаснува тој.
Scroll to Top