Филмот „Тома“ на Бјелогрлиќ соборува рекорди во регионот, досега има заработено три милиони долари

Српскиот филм „Тома“ во режија на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, според ИМБД на Бокс Офис заработил речиси три милиони долари. Во последниве неколку години, не е забележан толкав успех кај било кое друго остварување од регионот.

Во првата седмица од прикажувањето на филмот во Босна и Херцеговина, после премиерата, филмот соборил рекорд со 40.877 прегледи и заработил 112.900 евра. А оствари огромен успех и во Хрватска, каде во првиот викенд од прикажувањето го погледнале повеќе од 8.000 луѓе, со што од тронот го падна „Парада”, филм од 2021 година која го држеше рекордот за најгледан српски филм во хрватските кино сали.

Сепак, во Србија има најголем успех со 91.042 гледачи и заработи приближно 340.560 евра уште во првата седмица од прикажувањето во период од 16 до 22 септември 2021 година.

Scroll to Top