Режисерот Хванг Донг-Хјук потврди дека популарната јужнокорејска серија „Squid Game“ ќе добие нова сезона.
Тој вели дека плановите се во тек и дека главниот лик ќе тргне во нови авантури.
„Ќе се снима и втора сезона. Во моментот правам планови, имам многу притисок, многу барања и многу голема желба за да направам втора сезона“, вели Донг-Хјук.
Покрај него, потврда за пристигнувањето на втората сезона објави и Associated Press.
COMEBACK SQUID: Hwang Dong-hyuk, the director, creator, writer of #SquidGame says the show will be back with more Gi-hun adventures. pic.twitter.com/uqC1DIdZqy
— AP Entertainment (@APEntertainment) November 9, 2021
Засега нема информации кога ќе се појави новата сезона на Нетфликс. Првата сезона за 17 дена имаше 111 милиони прегледи на популарната платформа за гледање филмови.