Машиновозач ја тужи компанијата која го казнила со 0,49 долари зашто задоцнил 1 минута

Јапонски машиновозач решил да ја тужи компанијата во која работел, затоа што го казнила со 56 јени, односно 0,49 долари. Тие му скратиле од платата затоа што задоцнил една минува со возот во 2020 година.

Од компанијата „ЏР Вест“ објасниле дека тој задоцнил затоа што не си ја завршил работата како што треба и дека кога требало да работи тој одморал. Сега тој бара оштета од компанијата од 2,2 милиони јени,односно, 19,407 долари за стресот кој го доивеал.

Тој требало да го однесе празниот воз од станицата во Окајама, но, ја погрешил платформата. Кога сватил дека направил грешка, побрзал до вистинската платформа, но, тоа му одземало две минути. И брзањето да го надокнади времето, на крајот сепак имал задоцнување од една минута.

Газдите прво му ја намалиле платата за 85 јени, односно 0,75 долари, а подоцна решиле да го казнат само со 56 јени. Но машиновозачот сметал дека и таа казна е преголема, затоа што неговото доцнење не предизвикало никаков проблем во возниот ред или за патниците.

Сега тој решил да ја тужи компанијата и бара да му се укине казната.

 

Scroll to Top