Кај илјадници корисници утрово се јавиле проблеми со топ-веб локациите, како што се „Гугл“ и „Јутјуб“. Според извештаите на социјалните мрежи, е-мејл услугите исто така паднале.
Една личност напиша: „е-маил не работи баш како што треба за да испратам важна порака“.
Како што пренесува британски „Мирор“, проблемите почнале околу 8:45 часот утрото. Набрзо потоа се појави и хаштаг #Gmaildown. Сепак, за официјалниот е-маил налог, на „Твитер“ велат дека немало пријавени прекини.
Според податоците на DownDetectorUK, биле пријавени повеќе од 1000 проблеми со пристапот на „Гугл“ во последните неколку часа. Исто така, најмалку 400 луѓе имале слични проблеми со „Јутјуб“, чиј сопственик е „Гугл“.
Предизвиците не се поврзани само за Британија, туку и за Шпанија и Кенија. Делува дека ситуацијата во САД е непроменета. Не е јасно за што точно станува збор, но, се чини дека голем број на корисници на е-мејл, наидувале на 502 error, кога сакале да пристапат на своите е-мејлови.
Серверот наишол на привремена грешка и не можел да го доврши нашето барање, е пораката која ја добиле голем број од корисниците.