Американската конгресменка Марџори Тејлор Грин изјави дека досега платила 63.000 долари казна за неносење маска во Претставничкиот дом, кои автоматски биле одземени од нејзината плата. Таа очекува и понатаму да добива нови казни бидејќи отворено призна дека нема намера да ги почитува мерките воведени поради коронавирусот.
Републиканката месеци одбиваше да го открие својот статус, а сега доброволно кажа дека не се вакцинирала против Kовид-19.
„Не сум вакцинирана и нема да се вакцинирам. И тоа е мој личен избор. Ги поддржувам оние кои се вакцинираат, но јас не сакам да го направам тоа и нема да носам маска. Казните ништо не менуваат“, рече таа.
Претставничкиот дом, во кој dемократите имаат мнозинство, ја воведе мерката за задолжително носење маска лани во јули. Казната за првиот прекршок изнесува 500 долари, а секој нареден е 2.500, на што пратениците имаат право да се жалат.