(Видео) Илон Маск го донесе синот на работа, а тој му го украде шоуто на состанокот

Мултимилијардерот Илон Маск, го донесе својот син X AE A-Xii кој е стар само година дена на еден од неговите состаноци. Детето одма го украде шоуто и стана ѕвезда на социјалните мрежи.

Маск имаше конференциски повик и зборуваше за деталите за неговото вселенско летало за повеќекратна употреба „Старшип“. Во еден момент настана проблем со звукот, па додека се трудеше да го поправи, момчето почна да испушта звуци.

„Бок, бок“, се слушаше X AE A-Xii, а откако техничарите го поправија звукот, Елон веќе беше во втор план. Детето стана познато уште откако се роди во мај 2020 година и тоа поради необичното име. Елон прво го крсти X Æ A-12, но, поради законите во Калифорнија, го сменија во X AE A-Xii. 

Scroll to Top