Новите згради во Британија во иднина ќе мораат да имаат и полначи за автомобили

Новите згради во Велика Британија во иднина ќе мораат да бидат градени и да имаат и полначи на автомобили. Ова е одлучено со носењето на новиот закон кој го најави британскиот премиер.

Законот во Англија би требало да донесе до 145.000 нови приклучоци годишно до 2030 година, кога Британија планира да ја забрани продажбата на нови автомобили на бензин и дизел.

Приклочоци ќе мораат да имаат новите стамбени згради и зградите за комерцијална намена, како канцелариските простори и супермаркетите, како и оние кои се реновираат или имаат повеќе од 10 места за паркирање.

Владата по консултација со индустријата, одлучи да го олесни и да го забрза преминот на електрични возила и опцијата за бесконтактно плаќање за сите нови возила за брзо и супербрзо полнење.

Забрзаното вложување во инфраструктура за електрични возила е составен дел од стратегијата за постигнување на нето нулта емисии на шеттни плинови Neto Zero Strategy, која британската влада ја објави минатиот месец.

 

 

Scroll to Top