Газменд Укали (27) од Кичево и неговата свршеница Албина Белули (23) од Тетово се меѓу загинатите во несреќата што се случи кога автобусот на „Беса транс“ се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Животот го загубија 46 лица, меѓу нив 17 деца.
Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27. роденден со својата свршеница во Истанбул, пренесе „Телма“.
Информацијата за смртта на Газменд во телефонски разговор ја потврдил и градоначалникот Дехари. Укали беше член на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.