Уметниците Карла Маган и Даниел Манрик обоија ридска населба во Лима, Перу, во боите на виножитото и ја претворија некогаш сивата населба во најголемиот мурал во Јужна Америка. Населбата Летисија која се наоѓа на ридот Сан Кристобал, може да се види од повеќе точки во главниот град на Перу.
Проектот во населбата Летисија почнал пред пет месеци, а Карла и Даниел имале цел да го подобрат животот во заедницата погодена од пандемијата и да се промовира туризмот.
„Овој рид своевремено важеше за небезбедна област во градот. Кажуваа дека населбата е опасна. Решивме да ја тргнеме таа социјална стигма преку уметност“, рекла Манрик.
Делото на Маган и Манрик покрива површина од над 300.000 квадратни метри, со што е најголем урбан мурал во Јужна Америка.
„Сакавме да предизвикаме промена преку енергијата на боите и да го подобриме расположението на целото население среде пандемијата“, кажа Маган.