Американецот Едвард Снајдер, познат и како воздушниот сурфер Кит Кеб, успеа над небото во Египет да собори Гинисов рекорд. Тој направи 160 превртувања во воздухот на висина од 4.100 метри. Кит се фрли од авионот над египетските пирамиди.
„Ништо не може да ве подготви за едно вакво нешто. Чувството да ја видите првпат Африка од воздух е неверојатно. Тое е нешто моќно“, рече Снајдер.
Тој мисли дека може и да го надмине својот рекорд.
„Би сакал да си поставам уште еден предизвик. А тоа е да го соборам мојот рекорд. Веќе станав брз, но сакам да бидам уште побрз“, рече тој.