Една патничка во авион, за време на летот доела мачка во авионот, пренесуваат медиумите. Останатите се шокирале кога ја виделе, а таа не престанала ниту кога една од стјуардесите ја замолила да го не го прави тоа.
Овој бизарен инцидент се случил за време на летот од Њујорк до Атланта. Приказната стигнала во јавност откако една од стјуардесите ја снимила и им ја испратила на колегите. Во пораката која им ја напишала таа рекла дека една од патничките на седиштето 13А ја доела својата мачка без влакна и дека не сакала да ја врати во нејзината корпа иако тоа било побарано од неа.
Стјуардесата Еинсли Елизабет ги објавила деталите на својот „Тик-ток“.
„Таа жена имаше една од оние мачки без влакна замотани во ќебе. Изгледаше како да држи бебе. Таа се обиде да ја дои и не сакаше да ја врати во корпата. Мачката вриштеше како да се бори за живот“, напишала Елизабет.
Не е познато што се случило со патничката откако авионот слетал, но, Елизабет тврди дека од персоналот го повикале обезбедувањето. Инаку авиокомпанијата во која се случило ова, им дозволува на патниците да носат мали домашни миленици бесплатно.
Сепак тие мораат да бидат сместени под седиштето.