Во Зоолошката градина во Белгија се регистрирани првите два нилски коњи кои се заразени со коронавирус. Тие биле сместени во изолација откако нивните тестови се покажале позитивни. Ова е првпат вирусот да се појави вирус кај овие животни, соопштија од Зоолошката.
Белгиската национална ветеринарска лабораторија потврди дека во Зоолошката градина во Антверпен, два нилски коња, женки, стари 14 и 41 година, добиле корона. Засега не јасно како тие се заразиле. Двете се добри освен што многу им тече носот, велат од ветеринарската служба.
Чуварите ги заострија рестрикциите поврзани за коронавирсуот околу Зоолошката.
„Според моето сознаније ова е првпат да е пријавена зараза кај овој вид на животни. Во светот овој вирус воглавно е забележан кај големите мајмуни и дивите мачки“, рече Франсис Веркамен од Зоолошката во Белгија.
Сите животни во Зоолошката биле тестирани на ковид 19 минатата година и ниту еден случај не бил забележан на зараза. Веркамен рече дека носевите на нилските коњи биле мокри и дека тој одлучил да ги тестира од претпазливост. Тој рече дека бил изненаден од позитивниот тест на ковид. Просторот каде тие се наоѓале е затворен за посетители и ќе биде повторно отворен кога животните ќе бидат негативни на тестот.