Грчки православен свештеник го нападнал Папата Франциск за време на неговата посета во Атина. Тој го нападнал кога влегол во православниот храм, пренесуваат медиумите.
„Папо, ти си еретик“, викал постариот свештеник.
Објавено е и видео на кое се гледа свештеникот, кој бил однесен од полицијата. Сведоците велат дека викал доволно гласно и дека папата го слушнал, а паднал во моментите кога полицијата го однела.
За потсетување, папата Франциск за време на посетата го замолил поглаварот на Грчката православна Црква, Јероним 2, за прошка за злосторствата кои ги сторила Католичката Црква во минатото.