Безбедносна камера сними несовесен станар како брка бездомно куче од пред влезот во зградата во која живее. Додека измрзнатото животно мирно лежеше, тој му го зема ќебето и му го фрли во канта за ѓубре, а потоа со нога му ја шутираше и расфрли целата храна.
„Тажно е колку некои луѓе немаат сочувство кон животните. Доколку не можете да направите добро дело, тогаш немојте ни да одмагате“, напишаа лутите граѓани кои го видоа видеото.