Германец кој паднал кога одел од спалната соба до домашната канцеларија ја доби тужбата за несреќа на работно место

Инцидент во кој еден маж се лизнал на скалите во домот и се повредил додека одел од креветот во спалната соба  до својата домашна канцеларија е означен како несреќа на работно место. Вака реши германскиот суд кој сега наложи на повредениот да му се исплати од неговата фирма, затоа што г повредил ‘рбетот дома, пренесува Индипендент

„Оваа пресуда е донесена зашто тој бил на пат за работа, од спалната соба до домашната канцеларија која е еден спрат подолу. Ова реално спаѓа во рута што ја покрива работното осигурување. Тужителот претрпел несреќа на работа кога паднал додека одел кон својата домашна канцеларија тоа утро“, стои во одлуката на судот.

Неговата компанија досега одбивала да му ја исплати отштета иако судот пресуди во негова корист.

Откако регионалниот социјален суд ја поништил пресудата на понискиот суд во корис на тужителот, федералниот суд сепак  заклучил дека токму одењето кон домашната канцеларија е првото нешто што го правел за да почне со работа.

„Тој вообичаено почнувал со работа пред појадокот. Ако осигурената дејност се врши во домот на осигуреникот или на друга локација, отштетата e иста како кога  дејноста да се врши во просториите на компанијата“, велат од судот.

 

Scroll to Top