Путин се срами да зборува дека работел како таксист

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека во 90-тите години работел како таксист, но дека се срами и не му е многу пријатно да зборува за тоа. Тој во документарниот филм „Нова историја“, кој се прикажа на телевизијата „Русија 24“, зборуваше за тешката ситуација во Русија.

Тој објасни дека последните 10 години од минатиот век биле тешки времиња за неговата земја и дека морал да се нафати и на таква работа. Голем број висококвалификувани експерти, научници, адмирали, известувачи, работеле како физички работници, објасни Путин.

„Некогаш морав да работам и јас како таксист. Не ми е пријатно да зборувам за тоа, за жал, но и тоа се случи“, рече Путин.

За потсетување, тој во уште еден документарен филм од 2018 година зборуваше дека бил подготвен да работи како таксист, кога ја напуштил градската администрација во Санкт Петербург, откако Анатолиј Собчак ги изгуби изборите за градоначалник.

 

 

Scroll to Top