(Видео) Додека работниците му умираат во магацините, Безос се фали со вселенските авантури

Најмалку 6 лица загинаа кога торнадо го погоди магацинот на „Амазон“ во Илиноис во САД, а основачот на компанијата, Џеф Безос, се најде на мета на критики затоа што за време на трагедијата се фалел со новите вселенски авантури.

Локалните официјани лица објавија дека голем број луѓе биле заробени во магацинот на „Амазон“ во градот Едварсдвил, откако се урнал дел од кровот. Околу 45 луѓе успеале да се извлечат од зградата, а 2 лица биле префрлени со хеликоптер во блиските болници.

Безос на почетокот не се огласи, а потоа на социјалните мрежи објави неколку фотографии по повод лансирањето на ракетата „Њу шепард“, која пренесе 6 вселенски туристи. Меѓу екипажот беше и Лора Шепард Чурчли, ќерката на првиот американски астронаут Алан Шепард.

По неа и ракетата го доби името. Со нив беше и водителот Мајкл Страхан.

„Среќниот екипаж ова утро во центарот“, напиша Безос, по што наиде на критики од големиот број обожаватели.

„Треба повеќе да се грижиш за ситуацијата по торнадото и дали некој од твоите работници во Амазон некогаш ќе летаат во вселената“, биле само некои од коментарите.

По неколку часа, Безос се огласи и за несреќата.

„Вестите од Едвардсвил се трагични. Срцата ни се скршени поради губењето на членовите на нашиот тим, а нашите молитви и мисли се со најблиските. Целиот град треба да знае дека „Амазон“ е посветен на тоа да им помогне и да биде со нив во кризата. Им благодариме на надлежните служби кои неуморно работат на местото на несреќата“, рече Безос.

Но, ни оваа објава не наиде на многу позитивни коментари, а бројни новинари потсетија дека не е првпат работниците на „Амазон“ да мораат да работат во сурови временски услови.

Силната бура која го погоди Њујорк во септември, го претвори градот во езеро, а „Амазон“ и понатаму работел и очекувал од вработените да се појават на работните места.

Граѓаните добиле пораки во кои се предупредени дека поради големите поплави треба да ги избегнуваат патувањата, освен ако не треба да ги напуштат поплавените области за евакуација.

Сепак работниците на „Амазон“ не можеле тоа да го искористат како изговор да не се појават на работа. Во каква и да било смртоносна ситуација да се најдат, тие морале да се појават на работа. Еден од вработените, Џонатан Бејли, кој е еден од основачите на организацијата „Амазонијанс јунајтед“, која се бори за поголеми плати и подобри работни услови, рече дека поплавите биле луди.

„Ова е првпат да видам вакво нешто во Њујорк“, рече тој. И покрај сè, тој не е изненаден што работниците морале да ги одработат своите смени, иако во поплавите настрадале 14 луѓе.

Во јуни доставувач на „Амазон“ бил снимен како се пробива низ поплавените патишта на Детроит за да изврши достава, а во еден магацин во Вашингтон, работниците морале да работат во затворен простор на температура повисока од 30 степени.

Уште во 2019 година, вработени од огранокот во Чикаго побарале во магацините да се воведе климатизација, со напомена дека добиваат само сладолед за да се разладат. Во тој момент кој и да прозборел за суровите работни услови бил отпуштен.

Бејли минатиот март укажувал и на работните услови за време на пандемијата со коронавирусот, затоа што од работниците се барало да доаѓаат на работа и покрај тоа што можеле да се заразат. Освен тоа, како што пишува „Блумберг“, работниците на „Амазон“ со години наназад им е забрането во магацините да внесуваат мобилни телефони, затоа што мораат да ги остават во автомобилите или плакарите пред да минат низ детекторите за метал кои се поставени на влезовите.

Компанијата наводно во текот на пандемијата се откажала од таа пракса, но, се чини дека повторно го вовела тој систем ширум земјата. 5 работници од „Амазон“, вклучувајќи и 2 кои се наоѓале во зградата која се срушила, реколе дека сакале да имаат пристап до информациите за временските прилики на нивните телефони, без мешање на компанијата.

Без телефоните тие не можеле да повикаат ни помош, но ни блиските доколку биле заробени.

„По овие смртни случаи, нема шанси да верувам дека „Амазон“ ќе се погрижи за мојата безбедност. Доколку не дозволат мобилните телефони ќе дадам отказ“, рече еден од вработените.

Двајца вработени, кои се наоѓале во блискиот објект побрзале во тоалетите за да се сокријат од бурата, не знаејќи дека соседната зграда се срушила. Немањето стурја дополнително им ја отежнало комуникацијата. По неколку часа, тие биле испратнеи дома кога е утврдено дека е безбедно да се патува.

„По ова, сите се уплашени дека не можат да имаат телефони со себе“, порача еден од нив. Работниците од Индијана велат дека користеле слободни денови кога времето било лошо, а магцините пак биле отворени за работа.

„Не верувам дека ќе бидеме безбедни. Доколку времето биде лошо, мислам дека самата треба да се погрижам за тоа“, рече една од вработените.

Дека во „Амазон“ владеат понижувачки и сурови работни услови не е тајна. Извештајот од 2019 година покажал дека меѓу работниците од октомври 2013 година до октомври 2018 година, имало најмалку 189 ситуации кои подразбирале обид за самоубиство, суцидални помисли и други епизоди на ментално здравје.

Вкупно 189 повици кои се однесувале на работниците на „Амазон“ дошле од 46 магацини ширум 17 американски држави. Во повиците имало случаи во кои некои од работниците се заканувале дека ќе се убијат.

Во 2016 година, новинарот Џејмс Бладворт под лажно име работел во британскиот огранок на „Амазон“ за да истражи колку се лоши работниците услови, а на основа на тоа искуство напишал и книга.

„На работниците гледаат како на роботи. Доколку се покаже дека се поевтини, верувам дека луѓето ќе почнат да ги заменуваат со машини. Не гледам дека ќе бидат загрижени поради тоа што луѓето ќе ја изгубат работата“, рекол Џејмс за CBS News во 2018 година.

На 1 март оваа година, Пол Вилсчек се убил за време на смената во Лас Вегас скокајќи од 4 кат од магацинот. Дури по 3 часа другите работници кои сведочеле на настанот, биле пуштени дома.

Еден од вработените кои на социјалната мрежа Imgur се претставил како Somethingslightlyclever, опишал како изгледа работата во еден магацин во „Амазон“. Додека голем број ширум светот имале привилегија да работат од дома за време на ковидот, работниците во магацините во Амзаон биле затрупани со работа.

На самиот почеток, вработените, во пост од пред неколку месеци, напишале дека работеле таму околу половина година. Како позитивни работи навеле дека секој ден имаат право на пауза од 30 минути која можеле да ја искористат како сакаат, иако тоа е стандард во повеќе компании во многу земји.

„Се работи во 4 смени од по 10,4 часа. Убаво е да се има 3 дена слободни, но, тешко е што немате слободно време по работата. Една од позитивните работи е и неизвесноста, затоа што 95% од времето сте препуштени самите на себе“, навеле тие.

Тие ги навеле и негативните работи во „Амазон“.

„Самата работа. Целосно е ужасна. Тоа е најдосадната, најглупавата работа која можете да ја замислите. Квоти, постојано ве тераат да бидете брзи, до моментот кога нема да можете да одите во тоалет затоа што сакате да ја исполните квотата. Всушност многу луѓе ја прескокнуваат паузата да за не заостанат со квотите“, навеле тие.

„Постојано ве прогонуваат дека не сте го поместиле производот со брзината со која требало. На секои 2 часа некој ќе дојде и ќе ви рече дека не сте ја исполниле квотата. Ќе прашате зошто, иако знаат дека квотите се неосновани“, велат тие.

„Јас сум млада личност, доволно за да бидам во добра физичка форма, но оваа е физичка работа. Стоите 11 часа на некои позиции и минуваат по 30 милји дневно. Но, најлошо е психолошката штета. Не ви дозволуваат да имате слушалки и да слушате музика. Се очекува да работите 11 часа дневно, без контакт со луѓето, без сонце, без ништо. Само со вашите мисли“, рекол еден од вработените.

„Не знам дали некогаш сте поминале 11 часа со своите мисли, но за мене тоа е погубно. Секој викенд ви се губи, би сакал да го завршам животот. Се распаѓав. Сега во увото ставам една слушалка која не може да се види. Не можам да работам без неа“, вели друг.

„Ова место личи на „Војна на ѕвездите“, нема прозори, а е огромно место. Ми требаат 5 минути да дојдам од паркингот до моето работно место. 5 минути од работното место до просторот за пауза, а за тоа време ви се одзема паузата“, се жалат работниците.

„Имате 2 паузи од по 30 минути дневно, но затоа што морате да пешачите до местото за одмор и назад, тоа се паузи од по 20 минути. А и тоа се смета како да е контрапродуктивно и на штета на исполнувањето на квотата. Дури ве сметаат за неодговорни, ако не работите додека сте на пауза“, велат тие.

„Вака изгледа мојот ден. 90 минути се возам до работа. Паркингот е огромен. Ми требаат 5 минути пешачење до зградата. Тоа е огромна зграда, на влезот минувате низ метални бариери. Обиочно на телевизиски екран се појавува местото каде треба да работите. Работите. 2 часа подоцна, некој ќе ви каже дека не работите доволно брзо или дека сте погрешиле. Земате пауза. Одите до собата за пауза, пресметувате колку минути ви останале. Просторот за пауза ви е како драгстор, храната е како од бензиска пумпа. Купувате сендвич за 6,80 долари и се обидувате да го изедете доволно брзо за да се вратите назад“, вели еден од вработените.

„Потоа пак истото. Ви говорат дека сте погрешиле и дека не сте брзи. Одите на втората пауза, но сега со забрзан чекор, за да заштедите време“, се жалат вработените кои велат дека имало и моменти кога уринирале во шишиња.

На почетокот на април компанијата морала да се извини затоа што негирала дека нивните работници за време на работниот процес уринирале во шишиња, признавајќи дека тоа било погрешно. Тие соопштиле дека тоа прашање ги мачело возчаите, а не вработените во магацините.

Првиот извештај дека се уринирало во шишиња се појавил во 2018 година во книгата на ноцинарот Џејмс Бладворт. Тој нашол шише сокриено на полицата и заклучил дека еден од вработените се олеснувал затоа што не можел да оди во тоалет.

До неодамнешното извинување, од „Амазон“, категорично негирале дека такво нешто се случувало.

„Не верувате дека навистина мочаат во шишиња? Ако е тоа вистина, никој не би работел за вас“, стоело во твитот на „Амазон“.

Но, порталот Intersept покажал документи кои докажуваат дека „Амазон“ знаел одамна со што се соочувале работниците, иако тоа упорно го негирал.

„Вечерва еден соработник пронашол ќеса со човечки измет, која возачот ја вратил во станицата. Ова е 3 пат во последните 2 месеци во станицата да е вратена ќеса со човечки измет. Разбираме дека возачите можеби имаат итен случај додека се на пат, особено во време на ковид кога тешко наоѓаат тоалети додека вршат достава, но тие никако не смејат да го вратат изметот во станицата“, стоело во еден од мејловите од логистичката служба, што покажува дека управата и тоа како знаела за овој проблем.

Во мејлот е наведено дека во ќесите биле најдени разни видови на отпад, како маски, ракавици и шишиња со урина.

„Многу лесно можеме да утврдиме на кој работник му припаѓа ќесерто, затоа што имаат QR код. Ваквото однесување е неприфатливо“, додале тие.

 

 

Хејли Мари Браун (26) од Калифорнија, која работела како возча рекла: „Тоа често се случува затоа што сме приморани на такво нешто, во спротивно ќе ја изгубиме работата затоа што немаме доставено доволен број на пакети“.

 

Scroll to Top