Соларната сонда „Паркер“ на НАСА е прво летало што влезе во соларната атмосфера. Таа прелета низ Сончевата корона, горниот слој на атмосферата на Сонцето, собирајќи оттаму честички и податоци за магнетските полиња. Веста ја објави американската вселенска агенција НАСА, која го нарече овој потфат „џиновски скок за соларната наука“.
Таа соопшти дека леталото нашло вистински услови за влегување во соларната атмосфера на речиси 1,3 милион километри над сончевата површина во текот на осмиот прелет на Сонцето, а минувањето траело неколку часа. Потоа сондата продолжила да се доближува до Сонцето.
Томас Зарбахен од Управата за научни мисии на НАСА изјави дека допирот на Сонцето со соларната сонда е историски момент за соларната наука и извонреден подвиг.
„Не само што овој пресврт ќе овозможи подлабок увид во еволуцијата на Сонцето и неговото влијание на нашиот Сончев систем туку и на сè што досега сме научиле за Сонцето, но и за ѕвездите и за остатокот на вселената“, смета тој.
Вселенската агенција соопшти дека следниот прелет може да се очекува на 22 јануари кога сондата „Паркер“, веројатно, повторно ќе мине низ короната.