Од корона почина најстaриот Французин на 112 години

Марсел Мејс, најстариот жител на Франција, почина вчеравечер од корона на 112 години во болница во Виен, после двонеделна хоспитализација. Веста за неговата смрт ја потврди неговата ќерка Никол Боирон за АФП.

„Тој живееше во својата куќа, но се разболе од Ковид и неговата состојба се влоши, па беше ставен на кислород, но и покрај сите напори немаше помош, тој замина на 112-годишна возраст“, ​​изјави таа.

Мејс е роден во 1909 година. Работел како возач на брза помош, преживеал две светски војни и станал вдовец во 1998 година. Живеел сам во својата куќа, глув и речиси слеп.

и живеел сам во својата куќа.

„Беше среќен во својот дом, со бистра глава, живееше сам, но имаше помош од социјалните служби“, додава Боирон.

По смртта на Мејс, титулата за најстар Французин можно е да ја добие жител на Ница кој на 6 декември го прослави својот 111 роденден. Додека, најстарата Французинка има 117 години. Тоа е калуѓерката Андре, која е родена во 1904 година како Лусил Рандон. И таа беше заразена со коронавирус во јануари 2021 година, но успешно се оправи.

Scroll to Top