Греано вино по рецепт на Џејми Оливер

Еден од најпознатите светски готвачи, Џејми Оливер, вели дека греаното вино му е омилен пијалак во овој период од годината. Тој го сподели својот рецепт за дома само да направите совршено греано вино. Тајната е во зачините кои создаваат баланс на вкусовите.

 

Ви требаат: 2 мандарини, 1 лимон, 1 лајм, 200 грама шеќер, 6 цели каранфилчиња, 1 стапче цимет, 2-3 ловорови листа, малку морско оревче, 1 стапче ванила, 2 ѕвезди анасон и 2 литра вино.

Изрендајте ја кората на мандарините, лимонот и лајмот на крупни парчиња. Во големо тенџере на средна температура ставете да се вари шеќерот, додадете ги изренданите кори и исцедете ги мандарините. Додајте ги каранфилчињата, циметот, ловоровите листови и нарендајте малку морско оревче. Ванилата преполовете ја по вертикала и додајте во тенџерете, а потоа додадете го виното така да го покрие шеќерот.

Оставете да се вари додека шеќерот сосема не се стопи, а потоа оставете да проврие и оставете така да се вари уште 4-5 минути, додека не добиете густ сируп. Важно е првин да се направи сируп, затоа што шеќерот и зачините треба добро да се загреат. Ако ги загревате откако сте го додале виното, алкохолот ќе испари сосема.

Кога ќе го добиете сирупот, намалете го огинот на тивко и додадете го анасонот и остатокот од виното. Полека загревајте го виното, а после околу пет минути, кога ќе стане вкусно и топло, ставете го во чаши или шолји и послужете.

Scroll to Top