Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава (46) денеска се врати на Земјата, откако помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Покрај него, патуваа и неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин. Сите тројца се спуштија со падобран во казахстанската степа околу 03.13 часот по Гринич.
„Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20″, се наведува на веб-страницата на Роскосмос.
Маезава и Хиноро се првите туристи кои сами си го платиле патувањето, но цената на патувањето никогаш не беше објавена. Тие полетаа во вселената на 8. декември, а беше во план Хиноро да ја сними целата мисија. Тие полетаа од космодромот Бајонкур, а потоа се споија со Меѓународната вселенска станица.
Мисуркин стана првиот вселенски известувач за агенцијата ТАС С, а испрати и текстови за животот и работата на Меѓународната вселенска станица.
Ова беше прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.