Поради дефект на танкер повторно е блокиран Босфорскиот канал

Сообраќајот низ Босфорскиот канал е блокиран поради дефект на еден такнер, објавија од турската Крајбрежна стража.

„Капетанот на танкерот кој пренесуваше сончогледово масло, го пријави дефектот. Танкерот се наоѓа на северниот дел од Босфор. Веднаш беа испратени брзи чамци и глисери. Движењето на ова место е прекинато додека танкерот не биде одвлечен“, рече претседателот на Крајбрежната стража.

За потсетување, нешто слично се случи и минатата недела кога еден танкер беше заглавен околу час и половина. Босфорскиот канал е еден од најпрометните поморски премини во светот. Тој ги поврзува Црното и Мраморното море и ја претставува врската со Егејското море и Медитеранот.

 

Scroll to Top