Два ресторана во Сплит, Olive Tree и Roof 66/Fetish, Food & Meu, нудат суши кои се служи врз голи девојки. На нивното мени ова е опишано како „уметничка изведба на украсување и јадење суши од тело“. Цената е околу 150 евра по човек, а варира зависно од времето кога ќе го посетите ресторанот, пишува „кликс.ба“.
И двата ресторани се во сопственост на иста компанија, а се наоѓаат на два краја на брегот на Сплит. Едниот е со поглед на пристаништето и палатата Диоклецијан и Марјан , а другиот во бастионот Бернарди.