Потребни состојки:
за овошниот фил:
300 грама мешано суво овошје (сливи, суво грозје, кајсии или брусница)
100 грама кандирана кора од лимон или портокал
6 лажици рум
за тестото:
6 големи јајца
480 грама брашно
250 грама путер
180 мл млеко
50 грама шеќер
30 грама бадеми
1 лажица сув квасец
Начин на подготовка:
Од вечер пред подготовката сувото овошје и кандираниот цитрус се сечкаат на помали парчиња, се ставаат во сад и се прелеваат со румот. Добро промешајте, покријте го садот со крпа и оставете го да стои на собна температура преку ноќ.
За тестото загрејте 150 мл млеко и оставете го да достигне млака температура. Додадете ги шеќерот и сувиот квасец, добро измешајте и оставете ја смесата околу 5 минути за квасецот да се активира. Во сад ставете го брашното и подготвениот квасец и мешајте со миксер сè додека не се соединат состојките. Додајте пет јајца и продолжете да мешате сè додека не добиете мазно лепливо тесто. Малку по малку додавајте 250 грама путер исечкан на помали коцки, но на собна температура. Мешајте сè додека не добиете мазна и сјајна смеса. Префрлете ја смесата во подмачкана тава, покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер да стои преку ноќта. Бавното нараснување на тестото ќе придонесе за полесна и повоздушеста структура на колачот.
Вториот ден на набрашнета површина расукајте го тестото во облик на правоаголник. Исцедете го овошниот фил и половина од смесата ставете ја врз тестото. Преклопете го тестото и повторно развлечете го во правоаголник. Повторете ја постапката со остатокот од овошјето. Намачкајте го високиот кружен калап за печење со хартија и ставете го тестото во него. Врз тестото ставете бадеми, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне 2-3 часа на топло место. Тестото премачкајте го со мешавина од преостанатото млеко (околу 30 мл) и едно јајце. Ставете го колачот да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 20-ина минути. Потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 40 минути. Послужете го колачот кога ќе биде целосно изладен.