Нови Сад, кој ќе стане европска престолнина на културата во 2022, годината ќе ја дочека со специјални светлосни инсталации, визуелни ефекти и перформанси, посветени на еден од најголемите научници на сите времиња, Никола Тесла. На проектот работат стотици домашни и странски мултимедијални уметници и музичари.
Според организаторите, „Светлосната галерија на Тесла“ ќе претстави светлосни инсталации и уметнички дела, а низ градот концептуално ќе бидат поставени повеќе од 100 ласери, проектори и други светлосни уреди.
„Целиот тим вложи многу труд во ова. Целта беше да ја раскажеме приказната за Тесла со уметнички алатки и притоа да ги комбинираме нашите разновидни уметнички искуства. Галеријата ќе ги прикаже различните аспекти на животот на Тесла, неговиот однос кон светлината и начинот на кој неповратно го промени светот“, изјави бугарскиот уметник Петко Танчев, кој е дел од проектот.
Истовремено, на централниот плоштад во Нови Сад ќе се изведе и претстава посветена на Тесла.