Плејбој-зајачицата Патриша Корнвол, позната и како Пети Бретон, почнала да ги тепа и плука патниците во авионот на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, откако видела како еден од нив не носи маска додека јадел.
Бретон, која е позната по улогата во серијата „Бејвоч“, наводно почнала да го удира, да го плука и да го навредува старецот и го терала да ја стави маската, иако и таа самата не носела за време на инцидентот.
„Стави ја ебаната маска“, му викала таа, на што тој ѝ одговорил дека не мора да ја носи додека јаде.
Delta flight from Tampa to Atlanta got crazy‼️ pic.twitter.com/I9BZUKv3LB
— ATL Uncensored (@ATLUncensored) December 25, 2021