Се породи калуѓерка во Италија, а не ни знаела дека е бремена

Се породи калуѓерка во Италија, која не ни знаела дека е бремена, пренесуваат медиумите. Таа се породила откако отишла во болница поради болки во стомакот. Потоа била пренесена во болницата во Сан Северино Марче, во централна Италија, каде со ултразвук, лекарите откриле дека е бремена.

Жената итно била пренесена во породилното оделение, каде се породила. Бебето е здраво, а грижата за него најверојатно ќе го преземат калуѓерките од манастирот, пренесува„Индипендент“.

 

Scroll to Top